Пејачката Сека Алексиќ промовираше необичен стајлинг кој или сите ќе го копираат или сите ќе и смеат?
Сека го послуша својот стилист и на летен одмор облече каубојски чизми кои ги искомбинира со едноделен костим за капење. Алексиќ пред се носеше шарено кимоно налик на пончо со реси, а многу од жените се воодушевени од овие нејзини модни парчиња иако има и такви што гледајќи го нејзиниот летно-зимски имиџ ја прозваа дека „ја промашила сезоната“ .
Инаку, сите зборуваат за тоа како Сека видно е ослабена, а неодамна таа ги насмеа сите со својата исхрана.
„Минус осум килограми, со многу малку крем банани и протеински сладолед! Народе, јас сум многу среќна. Наместо триесет крем банани, изедов три“ – напишала Сека неодамна на Твитер, каде следбениците го пофалиле нејзиниот нов изглед.
Фото: Инстаграм принтскрин/ seka_aleksic