Радио Милева

„Во затворот повраќа секој ден“: Еве што известуваат српските медиуми за здраствената состојба на Боки 13

„Во затворот повраќа секој ден“: Еве што известуваат српските медиуми за здраствената состојба на Боки 13
фото:инстаграм

Аферата „Рекет“ во која еден од главните осомничени е Боки 13, одекна толку силно што не ја затресе само Македонија, туку и многу пошироко.

Освен домашните, така и српските медиуми активно го следат овој случај, а последно српски „Блиц“ пишува за здраствената состојба на Јовановски кој од 15-ти јули е зад решетки.

Според изјавата на неговиот адвокат Сашко Дукоски дадена за „Код“, Боки се чувствува многу лошо и има силни болки по двете неуспешни операции на желудникот кои ги направил по сопствена волја.

Во последниве 30 дена Бојан Јовановски неколкупати беше носен на Клиника на преглед. Дуковски дополнува дека не знае како ќе се одвива здравствената состојба на неговиот клиент. Боки 13 според информациите кои се познати за јавноста има направено операција подврзување на желудник за да намали од телесната тежина.

фото:инстаграм

Инаку, кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. Тој се сомничи за изнуда на 1,5 милиони евра од бизнисменот Јордан Камчев.

фото:принтскрин/јутјуб

За потсетување, изминатите неколку години Боки 13 драстично ги намали килограмите, односно како да се преобрази во друг човек, а неговата трансформација и тогаш ја следеа и српските медиуми. Аферата „Рекет“ пак ја поврзуваа и со некои познати естрадни личности во Србија, но засега тоа остана само како шпекулација.

Останати вести од Радио Милева