Холивудскиот актер Бред Пит, наводно, е во врска со познатата оскаровска Шарлиз Терон.
Светските медиуми објавија дека Пит и една од најубавите жени во Холивуд ги запознал нејзиниот поранешен свршеник, актерот Шон Пен.
Парот беше виден заедно на прикажувањето на филмот „Рома“ минатиот викенд во замокот Мармонт во Западен Холивуд, објави „Фена“.
“Тие беа многу интимни, цело време му беше раката на нејзиниот грб, изгледаше многу среќно”, открива еден извор.
Наводно почнале да се гледаат изминатиот Божиќ, а поминуваат многу време кај него во Лос Фелис.
Бред Пит од претходниот брак има пет деца со Анџелина Џоли, а Шарлиз Терон, исто така, има две посвоени деца.