Водителката Јована Јеремиќ е постојано во фокусот на внимание кај гледачите во соседна Србија. Покрај тоа што нема „влакна на јазикот“, важи и многу атрактивна жена чиј физички изглед и сексапил импонира.
Имено, русокосата често ја остава публиката без зборови со своите храбри и провокативни модни комбинации во кои се појавува во утринската програма.
Многупати со длабокото деколте го излудуваше машкиот дел од ТВ гледалиштето, а сега реши да покаже дека на неа не се само градите, туку Јована умее и може да се пофали и со своите нозе.
Водителката се појави во никогаш покусо мермерно, темно сиво, мини фустанче, а комбинацијата на сексапил елеганција ја зачини со светло-црвените салонски чевли со високи потпетици.
Јована ја истакна својата фигура, која и овој пат зрачеше со сексапил, па затоа не е ни чудо што секојдневно нејзината гледност расте, како и гледаноста на телевизијата со „розова фреквенција“, оставајќи ги далеку зад себе другите од нејзината конкуренција.
Да потсетиме, Јована Јеремиќ објави дека се развела од сопругот Воислав Милошевиќ, но не крие дека веќе е подготвена за нова љубов, како и тоа дека штом начека прилика, повторно ќе заплови во брачните води. Водителката признава и дека има голем број додворувачи, а еден од нив е моќен човек.
Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana