Радио Милева

„Во тој момент ми даде најголема поддршка“: Весна Џогани прозбори за Тоше Проески (видео)

„Во тој момент ми даде најголема поддршка“: Весна Џогани прозбори за Тоше Проески (видео)

Џоле и Весна Џогани беа гостини во емисијата „Гламур специјал“ каде зборуваа за почетоците на својата музичка кариера, како и за приватниот живот.

По разводот со Слаѓа, Џоле Џогани одлучи Весна да биде пејачката на нивната група. Тие заедно ја снимиле песната „Понекад“ со која Весна требало да се појави на најпопуларниот фестивал во тоа време,„Сунчане скале“.

„Вечерта пред настапот на генерлната соба јас стоев на сцената. А режисерот вели Џогани да се појави на сцена, а јас веќе стојам на сцена, уплашена. Режисерот очекуваше многу луѓе на сцената. Џоле му се приближи на режисерот и му кажа: Toa e групата Џогани, јас се разведов, а ова е Весна, јас не се појавувам“, раскажува Весна и додава:

„Кога ја испеав песната беше тотална тишина. И од трибините слушам аплауз, тоа беше Тоше Проески. Може да замислиш?, вели пејачката,  а Џоле додаде:

„Урнебесно аплаудираше. Викаше  „Браво, браво“. Дојде и ми кажа: Прекрасна, преубава песна, вели Џоле.

Весна истакна дека во тој момент Тоше и бил најголема поддршка и ветер во грбот.

Останати вести од Радио Милева