Музичарот Рајко Дујмиќ се здобил со телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа во Равна Гора.
Фронтменот на „Нови фосили“, Дујмиќ во среда попладне излетал од патот, потврди полицијата.
Како што пишува 24сата.хр, поради силниот удар, Рајко испаднал од автомобилот.
Тој се наоѓа во болница на интезивна нега, а според информациите на полицијата тој е во стабилна состојба.
View this post on Instagram
Неговата сопруга Снежена се огласи и на социјалните мрежи.
„Ве молам, молете се да се разбуди од кома“, напиша таа на својот Фејсбук.