Традиционалниоит саем на венчавки и оваа година ќе понуди големи изненадувања и совршени решенија за вашиот најважен ден. Ако темата на ланскиот беше совршената пеперутка во традиционален македонски стил, оваа година темата е Принцеза. Секоја невеста е принцеза, а на денот кога ќе го каже големото Да , таа го формира сопственото кралство. Кога ќе го слушнеме зборот принцеза секогаш тоа не асоцира на дизниевите бајки за заљубените принцези. Токму во тој стил ќе биде и направена пистата по која вечерта за отворањето на 23 ќе продефиклираат познатите македонски (принцези) познати личности. Најдобрите македонски креатори на венчаници и свечени костуми ќе ја представат својата кралица на вечерта, а сето тоа ќе биде збогатено со декорации од најдобрите свадбено организатори. 50 тина изложувачи од сите категории потребни за организација на свадбениот ден на идните невести и нивните семејства ќе им помогнат во креирањето на најубавиот ден. Саемот за венчавки е во организација на интернет магазинот „Во бело“ кој се одржува од 23 до 25 февруари во хотелот Александар Палас. Годинава темата е Дизниленд, а заштитното лице Александра Велинова ќе биде една од Дизни принцезите.
Но, покрај најдобрите креатори на венчаници, сите оние кои се подготвуваат за свадбена веселба на едно место ќе можат да погледнат костуми, бурми и накит, декорации, свадбени покани, аксесоари, да најдат фотографи, осветлување, ресторани, козметички студиа, да обезбедат свадбени патувања, подароци за свадба… на простор од околу 1700 м2.
„Она што би било интересно за сите идни невести и младоженци е дека можат да порачаат свадбена шопинг картичка преку меил адресата [email protected]. Сè што треба е даго напишете вашето име, датумот на венчавката и телефонскиот број, за да ви биде испорачана персонализираната шопинг картичка. Сите кои ќе ја имаат оваа шопинг картичка ќе можат да набавуваат артикли или користат услуги потребни засвадбената веселба со попуст од над 50%. Картичките кои ќе бидат нарачани до 21 февруари ќе бидат бесплатни, а ќе ги подигнете на Саемот за венчавки. Доброто е што ќе можете и веднаш да ги искористите“ – велиАлександра.