Радио Милева

„Во Србија се чувствувам како ѕвезда, а во Турција како домаќинка“: Емина Јаховиќ проговори за својот приватен живот, но и за додворувачите

„Во Србија се чувствувам како ѕвезда, а во Турција како домаќинка“: Емина Јаховиќ проговори за својот приватен живот, но и за додворувачите

Популарната пејачка Емина Јаховиќ призна дека во Истанбул има многу обврски и дека времето го поминува со синовите и не се чувствува познато како кога е во Србија.

„Во Србија се чувствувам како ѕвезда, а во Турција како домаќинка. Не е баш таква ситуацијата, но верувајте ми во Турција имам многу обврски. Сконцентрирана сам на воспитување на децата, да имаат безбрижно детство полно со љубов, тука е семејството и се изгледа поразлично од Србија. Тука сум фокусирана на работата, така да мојот живот во Турција и овде се потполно различни“ вели Емина.

За додвурачите нема ни време да размислува.

фото: ата имагес

„Имам разни додворувачи, но да бидам искрена тоа не ме интеренсира. Многу работам и немам време да се занимавам со додворувачи“ вели пејачката и додава:

„Мене не ми е лесно како што многумина мислат. Не спиев 48 часа бидејќи го подготвував својот нов албум во Македонија“ вели Емина и додава дека поради новите песни кои сама ги напишала успеала да ја расплаче и Марина Туцаковиќ.

фото: ата имагес

„Мојот најголем успех беше кога Марина ми прати порака. Ми напиша порака и ми кажа дека се расплакала кога ја слушнала песната. Марина е личност која ја сакам и почитувам, на која се восхитувам“ вели Јаховиќ.

За потсетување, Емина беше во брак со Мустафа Сандал со кого има два сина.

To top