И покрај тоа што пандемијата на коронавирусите секојдневно зема сè повеќе жртви како во светот, така и во Србија, во српската престолнина владее новогодишна еуфорија. Како ништо лошо да не се случува. Повеќето клубови, кафулиња, ресторани и хотели во Белград каде познати личности го договориле својот настап се речиси распродадени, па ситуацијата потсетува како во она народната: „Село гори, баба се чешла“!
Како што пишуваат српските портали според зборовите на организаторите на бројните дочеци, никој од пејачите не ја спуштил цената за настап во најлудата ноќ, туку се држи до ланските хонорари, а и цените на влезниците не се ништо подобри. Многу белграѓани веќе платиле за своите места без никаков проблем, иако сè е сè уште неизвесно. Некои од клубовите и рестораните планираат новогодишна прослава, но тие не наплаќале билети, туку само правеле резервации. Ова значи дека гостите ги резервирале масите, а влезот ќе си го платат при доаѓањето на самото место. Разбирливо е и дека оние што продавале билети ќе им ги вратат парите на клиентите доколку нема прослава, исто како што оние пејачи кои земале хонорар или аванс однапред, ќе треба да им вратат сè на организаторите, како што е наведено и во договорите.
Една од оние што го најави нејзиниот новогодишен настап во главниот град е Наташа Беквалац. Како што се дознава, нејзиниот хонорар е 25.000 евра. Цената на билетот се движи од 50 до 150 евра.
Катарина Каќа Грујиќ ќе пее и во Белград, за што ќе кешира 20.000 евра. Слоба Радановиќ ќе настапи заедно со неа за хонорар од 30. 000 евра, а секој што сака да влезе со нив во 2021 година, мора да издвои од 90 до 130 евра.
„Искрено се надевам дека ќе има настапи. Со Слоба ги закажавме уште во јануари. Очекувам дека дотогаш сè ќе се смири ова лудило и дека ќе со песна ќе влеземе во 2021 година“ – изјави неодамна Каќа за медиумите.
Ѓани настапува во Ледине за 35.000 евра, а цената на билетот е од 65 до 120 евра.
„Тој настап мене ми беше закажан веднаш по доаѓањето на 2020 година. Немаше абер од корона, па можеше да се планира“ – тврди пејачот.
Рада Манојловиќ се надева дека ќе пее на сплав во Белград за најлудата ноќ, заедно со Пеѓа Меденица.
Билетите за нивниот настап чинат од 100 до 200 евра, што не е изненадувачки, затоа што пејачите се договорени за хонорар за обајцата од 50.000 евра.
Дејан Матиќ и Габријела Пејчев закажале настап во еден ресторан, а билетите чинат од 80 евра, додека Јана и Урош Живковиќ ќе пеат во свечената сала каде билетите се од 50 до 70 евра, а местата се речиси распродадени.
Слаѓа Алегро закажала настап во еден белградски хотел за хонорар од 25. 000 евра.
Анѓелина ќе пее во ноќен клуб во центарот на градот, а цените се движат од 40 до 250 евра, колку што се плаќа за сепаре. И се така редум…
Повеќето клубови, кафулиња, ресторани и хотели во Белград каде познати личности го договориле својот настап се речиси распродадени, па ситуацијата потсетува како во она народната: „Село гори, баба се чешла“!