Радио Милева

Во сообраќајната несреќа неговиот автомобил беше потполно уништен, а погледнете со што Дарко Лазиќ пристигна во „Амиџи шоу“

Во сообраќајната несреќа неговиот автомобил беше потполно уништен, а погледнете со што Дарко Лазиќ пристигна во „Амиџи шоу“
фото: Принтскрин/инстаграм

Пејачот Дарко Лазиќ во октомври претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа во која едвај се спаси, а неговиот автомобил беше потполно уништен.

Од несреќата, Лазиќ полека оздравува и со текот на времето се чувствува многу подобро.Меѓутоа, оттогаш тој нема седнато зад воланот, па го вози или неговата или некој пријател.

Лазиќ беше гостин во емисијата „Амиџи шоу“, а во „Пинк“ телевизија се појави со нов автомобил.

Иако многумина очекуваа дека ќе се појави со некој луксузен автомобил, Лазиќ се појави со автомобил „Голф 2“.

„Ова е единствениот „Голф 2“ во Србија. Јас не го возам бидејќи немам возачка дозвола. Цел живот сакав да имам ваков автомобил и го најдов вака среден, во одлична ситуација и не пропуштив  шанса да го купам“ изјави Дарко во емисијата.

Останати вести од Радио Милева