Естрадата и блиски пријатели денес на социјалните мрежи во неверување се простуваат со музичарот Денис Демиров од Скопје. Тој долги години наназад беше гитарист во групата ,,Газоза бенд” а починал утринава, на свои 38 години.
Веста за неговата смрт ни ја потврди и неговиот колега Џамбо Агушев, кој вели дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.
-Многу жално, Денис над 20 години беше дел од естрадата. Сите сме затекнати, млад човек – изјави Агушев.
Поради неговата прерана смрт, по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите, од тимот на Рома Прес информираат дека сите денешни активности, емисии во живо, теренски известувања и планирани дебатни трибини поврзани со одбележувањето на Денот на Ромите ќе бидат одложени за утре.
извор: фокус