Мегафон

Во Скопје се одржаа Европското првенство, светските купови во модерни танци и меѓународниот натпревар Денс Оф

Во Скопје се одржаа Европското првенство, светските купови во модерни танци и меѓународниот натпревар Денс Оф

Минатата недела во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје се одржа Европско првенство во Street Dance Show 2018 и Светските купови во Диско денс и Хипхоп. На натпреварите кои беа поддржани од Интернационалната Танцова Организација (International Dance Organization), беа пријавени околу 1000 учесници и официјални лица од 22 земји. За време на викендот, на 10. и 11.11.2018.  се одржа Интернационален танцов натпревар DANCE OFF со над 3100 натпреварувачи.

Во саботата во СЦ Јане Сандански на програмата беа хипхоп , диско , брејкденс, а во неделата латино шоу и танци во двојки. Во неделата истовремено  течеше и натпреварот во Македонската Опера и Балет во класичен балет, модерен балет, џез денс и др. Најдобрите од Dance Off се натпреваруваа на Гала вечер која  се одржа во МОБ во неделата од 21ч.

Наградниот фонд изнесуваше 5000 евра. Сите натпревари почнуваа во 9 наутро и траеа до доцна попладне. Организатори на овие танц натпревари беа танцовите клубови БРЕЈК А ЛЕГ(Break a Leg) и ИТ ДА БИТ (Eat the Beat).

Покрај Трајче Петковски, менаџер на Брејк а Лег, претседател на Македонската Асоцијација за модерни танци (МАМТ) и интернационален IDO судија и Илија Карадакоски, менаџер на Еат да Бит, генерален секретар на МАМТ и интернационален IDO судија, на овие натпреварувања присуствуваа и гостите од странство: Кирстен Дан Јенсен од Данска, потпретседател на Интернационалната Танцова Организација (IDO) и Карстен Рот од Германија, супервизор на натпреварите и потпретседател на Германската Танцова Федерација.

Кирстен Дан Јенсен истакна дека IDO, во која членуваат 95 држави, ја доверило организацијата на овие значајни танцови првенства на клубовите Break a Leg и Eat the Beat, поради нивната извонредна организација на претходни два танц натпревари и дека по подолго време одржување танцови настани во Западна Европа, конечно има натпреварувања од највисок ранг во Македонија и јужниот дел од Балканот. Петковски и Карадакоски ја објавија и ексклузивната вест дека на двата клуба им е доделена организацијата на Светско првенство во латино шоу и синхро денс во декември, 2020 година.

To top