Мегафон манифестации

Во Скопје ќе се одржи првиот Слоу фуд салон: „Храната е движење“

Во Скопје ќе се одржи првиот Слоу фуд салон: „Храната е движење“

Под мотото „Храната е движење“ на 18 и 19 октомври во хотел „Александар палас“, Скопје ќе се одржи првиот „Слоу фуд салон“.

Слоу Фуд обединува членови, активисти, производители, експерти, готвачи, новинари околу филозофијата „Добра, чиста и правична храна, за сите!“ Салонот ќе биде отворен за јавноста во петок 18 октомври од 14-20 часот и сабота 19 октомври 12-20 часот.

Салонот ќе понуди вкусови кои Слоу Фуд Македонија ги заштитува, поддржува и промовира повеќе од 10 години преку својата мрежа.

Целта на настанот е да ги промовира малите производители на висококвалитетни производи кои треба да ја валоризираат вредноста преку своето знаење и труд. Истовремено да ги едуцира консументите да избираат квалитетна храна и да ја поддржуваат локалната економија и заштитата на животната средина. Преку настанот сите заедно да дадеме поттик за креирање на позитивна клима за опстојување и развој на малите производства и збогатување на понудата на производи на пазарот.

Повеќе од 100 производители ќе ги изложат своите автентични и висококвалитетни производи и ќе ги раскажат своите приказни на посетителите кои ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и дегустираат од прва рака. Производителите ќе се презентираат поделени во неколку секции: традиционална и органска храна, мали винарии, занаетчиски производители на пиво и даватели на туристички услуги.

To top