Радио Милева нејзиното височество

Во секоја жена лежи кралица, особено во Лила… и тоа разголена (ФОТО)

Во секоја жена лежи кралица, особено во Лила… и тоа разголена (ФОТО)

„Во секоја жена лежи кралица“. Оваа позната фраза најчесто ја употребуваат жените… Кога сакаат да стекнат самодоверба или да си ја потврдат истата, да се окуражат, да си дадат потсрек… Понекогаш ја користат и мажите, кога сакаат да ги освојат, да им поделат комплимент или евентуалнода ги утешат… Како и да е, кралица си е кралица и секако мора да биде жена.

Токму оваа позната фраза ја искористи и нашата најпопуларна ТВ водителка Лила Филиповска. Ја постирала покрај најновите фотографии на нејзиниот Инстаграм профил, на кој Лила е сликана како вистинска кралица… Со круна! Ама и баеги „разголена“. Облечена само во црно боди со тантела, Лила го истурила сиот свој сексапил.

Од длабокото деколте кипат „ремонтираните“ гради, а провокативниот поглед кој предизвикувачки повикува, ја прави македонската „кралица меѓу ТВ водителките“ екстремно привлечна, пожелна, секси… Па уште ако фетиш ви се златото, круната и кралските титули… Пред вас е вистинската!

Само при тоа не заборавајте дека во „секоја жена лежи кралица“. А во спалната соба на нејзиното височество – кралицата, лежи кралот… Или евентуално, банкарот, во поново време. Ако не сте ниту едниот ниту другиот, не обидувајте се ниту кај сопствената девојка, пријателка, сопруга… Зашто знаете како велат: Ако не си кралот, за да бидеш прв човек до кралицата мора да си… дворска будала. Пардон, дворски шут!

To top