Мегафон

Во сабота во скопскиот клуб „Jazzy“: Предновогодишен „Џез за чудаци“

Во сабота во скопскиот клуб „Jazzy“: Предновогодишен „Џез за чудаци“

Во скопскиот клуб „Jazzy“ во сабота (30-ти декември) со почеток од 21 часот ќе се одржи нов настан од серијалот „Џез за чудаци“.

„Џез за тие што пред влез оставаат храна за локалните мачки, консултираат книги за самопомош на јазик што не го разбираат, умеат да носат папуча на боса нога, знаат дека Аца Лукас е пијанист и во маркет ја враќаат корпата на место за да може да ја користи некој друг“, стои во најавата.

На настанот ќе свират Драган Теодосиев на тапани, Филип Букршлиев на гитара, Андреа Мирческа на контрабас, Благојче Томевски на кларинет и Константин Хаџи Коцев на пијано.

To top