Мегафон

Во пресрет на „Евровизија“, голема предевровизиска забава во Скопје

Во пресрет на „Евровизија“, голема предевровизиска забава во Скопје

За сите љубители и фанови на најголемото европско музичко натпреварување, во петок (4 мај) ќе се одржи голема предевровизиска забава во Скопје. Настанот ќе се случува во „Нано бар“ во Дебар Маало, а почетокот е во 21.30. На забавата ќе се потсетиме на сите најголеми евровизиски хитови, вклучувајќи ги и македонските учесници низ годините, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во новите песни од „Евровизија 2018“. Влезот е бесплатен, а добредојдени се сите фанови кои го следат овој музички натпревар.

To top