Радио Милева последниот тон на саксот...

Во премиерното издание на шоуто „Галама“ за Жаре – Бербер беше прво појавување на ТВ по пауза од десет години, за Ферус Мустафов за жал… последно! (ВИДЕО)

Во премиерното издание на шоуто „Галама“ за Жаре – Бербер беше прво појавување на ТВ по пауза од десет години, за Ферус Мустафов за жал… последно! (ВИДЕО)

Во саботата на 3-ти јуни започна новото телевизиски шоу на Канал 5 телевизија, „Галама шоу“ во продукција на „Бекстејџ медиа“, онакво какво што одамна недостасуваше бар кога се нашите телевизии во прашање.

Пејачот и шоумен Жаре Бербер по десет години се врати на екраните со новиот телевизиски забавно-музички проект „Галама шоу“.

И како што Жаре вети пред почетокот: „Ќе креваме галама со највлијателните личности од светот на музиката, филмот, спортот, па и политиката.  Македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови.Ќе вмешаме прсти во животите на познатите пред и зад камерите, но и нескромно ќе кажеме дека ќе ги поместиме границите на естрадата во Македонија, затоа што не следиме трендови, туку ги креираме. Подготвени сме да ја вратиме вашата доверба и да ви обезбедиме вистинска забава, онаква каква што одамна недостасуваше” – така и со случи во првата епозода.

Во неа гости беа Панки од дуото „Куку Леле“, фолк ѕвездата Елена Велевска, мисицата, модел и пејачка Кристина Димитри и најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, кој не напушти на 72-годишна возраст и ова му беше последно телевизиско појавување.

Насмеан, расположен, се присети на некои анегдоти, и потсети на тоа дека токму тој е музичарот од Македонија кој го земал најголемиот бакшиш на сите времиња.

Ве потсетуваме зошто покојниот Ферус беше најдобар во она што речиси целиот живот го правеше.

To top