Пејачот Петар Грашо синоќа се појави на фестивалот MAC во придружба на сопругата Хана Хуљиќ, која неодамна се породи.
Таа за овој настан избра елегантен црн фустан со голи рамена, а нејзините бујни гради беа во преден план.
Секако, следеа достакоментари за нејзиниот изглед: „Како изгледаш“, „убава си“, „како никогаш да не си родила“, беа само дел од нив.
Да потсетиме, Петар Грашо никогаш не сакал да го изнесува својот приватен живот во јавноста, а неодамна призна дека не му се допаѓа оваа популарност во медиумите откако се дозна дека е во врска со Хана.
– Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста, а тоа веројатно уште повеќе ги прави медиумите кои бараат сензации. Смешно ни е како всушност станавме медиумска мета, а со прст не мрднавмее по ова прашање. Без ни малку напор, се забавуваме со сите тие бомбастични написи и наслови со тенка содржина. Најмногу не насмеа веста дека станавме хрватските „Меган и Хари“ – рече Грашо и истакна:
– Отсекогаш ми било важно да не ги замарам луѓето со неважни ситници и дека музиката е единственото нешто што ги поврзува со мене, а и Хана е слична личност. И покрај ова, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Зоран Илиќ/Рингер/Н. Јовановиќ