Принцот Хари и Меган Маркл првпат се појавија во јавност откако ја добија нивната ќерка Лилибет.
Парот ја започна својата 3- дневна посета во Њујорк и Светскиот трговски центар.
Со оглед на тоа дека била сериозна прилика, Меган за овој настан облека и сериозна комбинација. Облечени во црна облека, парот изразил жалење за жртвите кои загинаа во терористичкиот напад на кулите близначки на 11-ти септември 2001 година, како и на нивните семејства и пријатели кои останале без своите сакани.
Меган носела елегантни долги панталони, ролка и долг капут во комбинација со високи потпетици, женствени бисерни обетки и златен часовник.
Закопчана од глава до пети во неутрална црна комбинација, Меган изгледала моќно, елегатно и фино.
Хари носел црно одело, бела кошула и вратоврска.
Двојката цело време се држеле за раце, а Хари им мавтал на обожавателите.
фото: Профимедиа