Шеф Марк се одјави од популарното кулинарско шоу „Брза кујна.“ Марк де Јонг информира дека по поминати 7 сезони во шоуто подготвен е за нови предизвици.
Преку социјалните мрежи тој се заблагодари за сета позитивна енергија и добрите желби кои ги добил.
„Ми беше задоволство седум сезони да бидат дел од тимот на Брза кујна. 7 години, 1.400 емисии, 1.400 асистенти со кои заедно подготвувавме слатки изненадувања за гледачите пред малите екрани, но и за присутните во студиото. Поминавме убави моменти заедно, но по 7 години потребен ми е нов предизвик, нова авантура“ – напиша шеф Марк на Фејсбук.
Дали само нов предизвик е причина за неговото заминување или има нешто друго во позадина што не с знае, засега не е познато, иако во претходната објава тој напиша дека „се надева оти е јасно зошто нема да биде дел од следната сезона на Брза кујна“.
Како и да е, гледачите му посакаа среќа во новата авантура и му се заблагодарија за добрите идеи и рецепти за брзо приготвување предјадење, ручек и десерт кои за само 20 минути ги подготвуваше заедно со шеф Никола, кој засега останува во „Брза кујна“.
Фото: Фејсбук принтскрин/Mark De Jong (Chef Mark)