Во понеделник (17.07.2023) во 12 часот во „Аудио култура“ ќе се одржи промоцијата на новиот албум на Ване Црнгаров, попознат како единсвениот македонски Елвис Присли.Овој албум содржи осум песни од кралот на рокенролот, а е насловен како „Jailhouse Rock“.
Ване во својата музичка кариера Ване има снимено три албуми. Првиот е со македонски фолк песни, од кои тој е автор на повеќето, вториот е со песни од Елвис Присли, како и сегашниот со кавери на познати негови хитови. Втор повод за средба со новинарите е и документарецот насловен како „Сонцето не грее од сите страни“, посветен на неговиот лик и дело. Документарниот филм е финансиран од Ал Џезеира, а ќе биде , премиерно прикажан на 6-ти август, на филмскиот фестивал „Астер фест“ во Струмица. Продуцент на документарниот филм е Дејан Милошевски, режија Глигор Кондовски. Документарниот филм е во продукција на Револушн.
Ване не е познат само на македонската јавност, туку и е светски познат како единствениот Македонец, почитувач на делото на кралот на рокенролот Елвис Присли. Во 2007 години учествуваше на единствениот фестивал во родното место на Присли, Тенеси, САД, каде се натпреваруваат артисти од цел свет. Во 2017 година исто така беше единствениот Македонец кој настапи во Лас Вегас, па ќе ви раскаже за средбата со неговата ќерка Лиза Мери Присли во Мелбурн. Ване беше и дел од филмот „Знаење“, во кој главната улога ја толкува Николас Кејџ. Во живо ќе имате можност да ви раскаже за средбите со музичарите од бендот на Елвис, неговиот бодигард, неговата љубовници и други холивудски актери.