Радио Милева

Во „Пинкови ѕвездички“ го освои второто место, а сега Трајче Георгиев се најде на сцена со хрватската ѕвезда (фото)

Во „Пинкови ѕвездички“ го освои второто место, а сега Трајче Георгиев се најде на сцена со хрватската ѕвезда (фото)

Пред три години се појави во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, а публиката и жирито беа воодушевени од неговиот глас.

На аудицијата „Пинкови ѕвездички“ се претстави со песната „Зошто отиде“ од Тоше Проески, а срамежливиот Трајче веднаш им беше симпатичен на жирито.

Во текот на целиот натпревар најголема поддршка му беше неговото семејство, а пред се неговата сестра. Иако, не важеше за фаворит тој не победи, но го освои второто место.

Трајче денес има 17 години, а порасна во вистинско момче.

И по музичкото шоу Трајче продолжи со музички ангажамни. Така неодамна тој ја имаше честа да се најде заедно на сцена со хрватската ѕвезда Тони Цетински. Трајче и Тони заедно настапија на еден познат музички фестивал, а еве како изгледаа на сцена хрватската ѕвезда и новата музичка надеж.

фото:инстаграм

To top