Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер создале вистинска семејна идила во австрискиот град Вестеорф.
Домот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер во австрискиот град Вестендорф, кој австриските медиуми го нарекуваат „прибежиште за богатите“, е вистинска оаза на љубовта и среќата, но со декор кој повеќе наликува на минималистички.
View this post on Instagram
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер со синовите Лука и Леон уживаат во простран дом, опкружен со голем двор, кој вклучува тениско игралиште, фудбалско игралиште и теретана.
Семејството е оддалечено само 800 километри од Белград, а во своето мало кралство се чини дека Ана средила се точно по нејзина и мерка на семејството.
View this post on Instagram
Домот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер е вистинска оаза на минимализмот. Во пространата куќа доминираат светли тонови, како бела, крем и сива, за просторот визуелно да изгледа поголем.
View this post on Instagram
Во исто време, мебелот е масивен, луксузен, но го има многу малку и сѐ е практично уредено и приспособено на неговата намена.
View this post on Instagram
Се разбира, за поранешната тенисерка и многу активна жена – мора да има место за теретана, каде што Ана тренира многу напорно.
View this post on Instagram
фото:Принтскрин/Инстаграм/anaivanovic