Здравјето е нешто најважно во секој живот, а велат „Во здраво тело здрав дух“. А спортот е половина здравје, па затоа треба физички да сме активни.
Викендов, поточно во недела се одржа спортската манифестација „Скопје трчај 10км“, улична трка во центарот на Скопје.
Трката беше проследена и со неколку активности во паркот во Скопје, а убавото време ги намами скопјани да дојдат во парк.
На оваа трка учествуваше и македонската пејачка Викторија Лоба, а на својот Фејсбук сподели фотографии од атмосферата на трката.
Во спортска опрема, Лоба покажа колку добра кондиција има.


Покрај Лоба, на трката учествуваше и Катарина Ивановска и Димитар Атанасовски.

фото: Фејсбук