Познатата Германка Хајди Клум (50) редовно ги почестува обожавателите со секси фотографии и видеа на социјалните мрежи. Така и овој пат, како задоцнет подарок под елката, таа ја покажа својата неверојатна фигура.
Постудените краеви Хајди ги заменила со потопли, па решила максимално да го искористи тоа. На видеото кое го сподели може да се види како се сонча на плажа, облечена во минијатурен долен дел од костим за капење, додека голите гради ги покрива само со раката.
View this post on Instagram
Во претходната објава на Инстаграм таа откри дека го прославила Божиќ со сопругот Том Каулиц на островот Свети Вартоломеј.
Хајди и на 50 години е во топ форма и е горда на своето тело. Неодамна таа се појави на Формула 1 трката во Лас Вегас облечена во шорцеви и мрежести хулахопки, а голите гради ги прекри само со црна јакна.
View this post on Instagram
По трката, парот излегол да се забавува, а по долгата ноќ Клум објави видео од хотелската соба на кое му вели на својот сопруг: „Душо, браво. Еве, сонцето изгрева“, со што даде до знаење дека уживале во забавата сè до раните утрински часови.

фото:Instagram printscreen/ heidiklum