Македонската евровизиска делегација вчера пристигна во Тел Авив Израел.
Нашиот тим е голем, а освен Тамара и придружните вокали, кои ќе настапат на големата сцена, во тимот од Македонската телевизија, заедно со Мери Попова и водителката и уредничка Александра Јовановска се најде и уште една веќе искусна евтовизиска претставничка.
Станува збор за Јана Бурческа која во 2017 година во Украина ја претставуваше Македонија со песната „Dance alone“.
Но, годинава Јана Бурче е заедно со својата колешка Александра од емисијата „Стисни плеј“, која ја води веќе извесен период.
Ова ќе биде второ евровизиско искуство за Јана но овој пат во една сосема поинаква улога од другата страна на сцената.
За потсетување, за првпат во историјата на Евровизија, токму во 2017 кога настапи Јана, нејзиниот сопруг и понуди прак пред милионската публика.