Мегафон

Во Куманово по 18-ти пат ќе се одржи „Тамбурашки фестивал“

Во Куманово по 18-ти пат ќе се одржи „Тамбурашки фестивал“

18-то издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал – Куманово 2022 ќе се одржи во петок и сабота со почеток во 20:30 часот на Градскиот плоштад во Куманово.

Познатите Игор Џамбазов, „Нокаут“ и „Легенде“ ќе бидат главни ѕвезди на двете фестивалски вечери на годинешното издание. Фестивалот започнува во петок кога ќе настапат оркестрите „Симфониум“, „Охридски бисери“ и Петар Нечовски, Г.Т.О. „Пљевља“, а вечерта ќе ја затвори групата „Легенде“.

Во сабота пак настапуваат тамбурашките оркестри „Табиет“ и „Мајшперк“, по што ќе следуваат ѕвездите на вечерта „Нокаут“ и Игор Џамбазов.

To top