Мегафон

Во кината почнаа проекциите на филмот „Хакер“ синхронизиран на македонски од јутјуберот Steffonator и актерот Горазд Цветковски

Во кината почнаа проекциите на филмот „Хакер“ синхронизиран на македонски од  јутјуберот Steffonator и актерот Горазд Цветковски

Во кината ширум земјава од денеска почнуваат проекциите на данскиот филм „Хакер“, синхронизиран на македонски јазик од познатиот македонски јутубер Steffonator и актерот Горазд Цветковски.

„Станува збор за филм кој е многу добра тинејџерска акција. Беше голем предизвик за мене, но сепак ја прифатив понудата и се впуштив во една многу убава приказна во која многу уживав. Филмот е синхронизиран на македонски јазик со мене во главната улога и со уште неколку предобри актери во останатите улоги“, вели Steffonator.

Филмот започнува да се прикажува во едно од скопските кина на 1-ви октомври. На 5-ти и 6-ти октомври ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија. Во текот на октомври планирани се проекции во Битола и Радовиш. Проектот е подржан од Министерството за култура, а најавена е и можност за гледање на филмот на платформата Cinesquare.

To top