На летната тераса на ресторанот „Фоур“ во скопскиот хотел „Парк“, пред бројните гости и новинари вчеравечер, понеделник, 29 мај 2023 г. беше промовирана автобиографската книга „Живот на коцка“ за животот и работата на естрадниот менаџер Велибор Џаровски – Џаро. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровскa.
Промотор на настанот беше Игор Џамбазов, кој мешудругото рече: „Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро го знаат само по превари и местење натпревари. Ама, дечки, не е така. Тој има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Џаро ги донел најголемите балкански ѕвезди во Македонија кои и денес во не заборават во своите интервјуа да го спомнат, се едно дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“.
Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро.
„Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија“ – забклагодарувајќи им се на бројноста на присутните рече сношти авторката и додаде дека кога ја пишувала книгата, ја напишала како да разговара со соговорник, а не со својот татко.
„Живот на коцка“ беше прво промовирана на Саемот на книгата во Скопје. Книгата е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“, а е напишана уште пред шест години, но на српски јазик.