Домот на Здравко Чолиќ од неодамна доби нов член.
Постарата ќерка на пејачот, Уна Чолиќ како и нејзината сестра Лара не можеа да ја сокријат својата среќа, па на социјалните мрежи открија за што станува збор.
„Добредојде“ напиша Уна во описот на фотографијата на која е мало преслатко куче.
Така во домот на Здравко Чолиќ пристигна ново домашно милениче односно француски булдог.
Ќерките на пејачот не открија како се вика новиот член, но сигурно уживаат во негово друштво.