Младиот македонски пејач Огнен Здравковски сите го знаеме како пејач, но сега се промени нешто значајно околу неговата избрана професија –Огнен сега е пејач со диплома.
Поранешната ѕвезда на „Гранд“, на само дваесет години тргна во остварување на своите аспирации во музичките води и се пријави на најгледаното натпреварување во регионот, поради што не можеше да ги заврши студиите.
View this post on Instagram
По финалето на „Ѕвезде Гранда“ пејачот го оствари сонот, сними неколку песни и почна со настапи, а со тоа го запостави факултетот. Сепак, по неколку години пауза, поточно стагнација во студиите, пејачот конечно дипломира на Музичката академија во Скопје пеејќи ја „O sole mio“ во придружба на пијано.
-После 5 години пауза од денес конечно “Дипломиран соло пејач”- се пофали Огнен.
-Мојата најголема поддршка и љубов, мајка и татко- дополни тој, а потоа сподели фотографија со родителите кои се најгорди на неговиот успех на денот на одбраната на дипломата, со што воодушеви многу фанови кои се уште му честитаат.
На дипломската присуствувале и најблиските членови на семеството меѓу кои и неговата бремена сестра Оле и сопругот кои живеат во Србија.
Да потсетиме, неговото семејство неодамна ја сподели среќната вест и откри дека по бракот Оле, во нивниот дом пристигнува и бебе.
фото:Инстаграм, Фејсбук принтскрин