Нашата единствена и најголема музичка македонска ѕвезда Тоше Проески е роден во 11 часот и 15 минути на 25-ти јануари 1981 година, во Прилеп. Денес тој да беше меѓу нас ќе прославеше 43 години.
Човекот кој со својот огромен талент, позитивна енергија која зрачеше од миг во миг и секогаш со љубов за сите. Уметникот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.
Нашиот Тоше позади себе остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек. И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.
Единствениот естраден магазин Backstage во четврток подготви емисија која што ќе биде посветена токму на него. За него ќе зборуваат личности со кои што има соработувано професионално, но, и личност која сите овие години молчеше, а имаше што да каже и му беше еден од ретките вистински пријатели кој што тој ги имаше во својот живот.
Но тоа не е се, велат за роденден се подаруваат подароци. Овој пат Backstage на сите оние кои што го сакаа и почитуваа ќе им подари нешто што досега никој го нема за направено за него. Се со цел неговиот лик и дело никогаш да не се заборави, да се испочитува достоинствено и да му се даде благодарност за се она што тој ни го подари нам.