Познатата пејачка Лејди Гага пред неколку дена доби три „Греми награди“.Таа е голем љубител на тетоважите, а сега одлучи да ја покаже својата најнова тетоважа.
Во чест на филмска улога, светската ѕвезда се пофали со новиот цртеж.
„Среќен ден на вљубените. Тетоважа во чест на „La vie en rose“. Мојот грб сега е ружа“ напиша Гага во описот на фотографијата.
Инаку, ова е песна која Лејди Гага ја пееше во филмот „Ѕвездата е родена“, а за истата улога е номинирана за Оскара.
Покрај оваа тетоважа, Лејди Гага истетовира и ноти, па се пофали на „Инстаграм“.