Јована Јеремиќ пред два месеци се разведе од сопругот Воислав Милошевиќ со кој ја има ќерката Леа. Иако овој период и беше многу тежок, водителката продолжи понатаму, а неодамна си најде ново момче, со кое ужива во љубовта.
Дотичниот е неколку години постар од неа, а иако не и е познат на јавноста, тој е влијателен и е од блиските кругови на Јелена. Така се запознале, на настан, кога се нашле во заедничко друштво. Веднаш блеснале искрите меѓу нив, па продолжиле да се слушаат, неколку пати заедно илзегле на вечера, па влегле во врска. Колку уживаат во љубовта говори и тоа што се речиси неразделни еден од друг, а сега заедно отпатуваа во Будимпешта.
Неодамна биле видени во еден спа центар, а таму Јована и нејзиното момче цело време се гушкале и бакнувале….
„Не беше гужва тој ден во спа центарот, иако беше викенд, имаше неколку луѓе, а Јована и нејзиното момче беа таму. Човекот е малку постар од неа, изгледа пристојно и се чинеше дека навистина е заљубен во неа. Не се разделуваа, а беа главна атракција за присутните, сите ги гледаа“ – вели извор и додава дека на тоа вљубената двојка не обрнувала внимание.
„Јована се однесуваше сосема природно, како да не е јавна личност. Беше многу блиска со нејзиното момче, тој цело време ја гушкаше и галеше и се бакнуваа во џакузито… Беше многу интересно“ – раскажал соговорникот. Јована не негира дека е во спа центарот, но не сака да зборува за своето момче …
Да потсетиме, Јеремиќ неодамна призна дека повторно ќе се мажи, но не наскоро.
„Се мажам! Секако дека не бегам од тоа, имам само 31 година. Млада сум и имам време многу пати да застанам на лудиот камен. Јас сум жена која привлекува моќни мажи. Еден мој пријател вели: „Јована Јеремиќ е симбол на моќта“, па со мене можат да се справат само моќници. Едвај чекам да ја официјализирам врската со мојот крал, за да владееме заедно“ – во една прилика изјавила Јована.
Фото:Принтскрин Инстаграм/jeremicjovana