Политичарот и партнерот на Ана Бекута, Милутин Мркоњиќ Мрка почина на 79 години.
Свесен за својата здравствена состојба додека бил во болница го повикал адвокатот за да ги промени деталите на тестаментот кој го напишал пред десет години, пренесуваат медиумите.
-Мрка на почетокот на ноември беше примен во болница каде што му беше уграден „пејсмејкер“ и фино течеше неговото оздравување, никој не се надеваше дека нагло ќе му се слоша. Но, тој како да почувствува дека нема да излезе од болница. Во тајност се јави на адвокат за да го промени тестаментот кој го напиша пред 10 години кога официјално се разведе од сопругата Драгана. Мрка го замоли докторот да направи исклучок и да му дозволи неговиот адвокат да го посети на половина час, вели извор болница, а пренесува „Стар“.
-Дури ни Ана не знаеше што се случува. Адвокатот дојде и Мрка состави друг документ. Станот во кој живееја тој и Ана во последните пет години, го остави на Ана бидејќи заедно вложија во него. Другиот стан, во кој живееја со сопругата Даша го остави на неа. Тие не можеа да имат деца, па беше логично Ана и Даша се да наследат. Иако и двете убаво се согласуваат, Милутин не сакаше да остави на случајност, па со оваа постапка ги обезбеди двете жени. Дури кога го ставија на респиратор, Бекута знаеше дека Мрка го менувал својот тестамент и беше многу тешко. Тогаш сфати дека тој го чувствува крајот, вели изворот.
За потсетување, Милутин ќе биде погребен во Алејата на заслужени граѓани.
фото: Дамир Дервишагиќ/антониа ахел/ата имагес