Српската пејачка Александра Пријовиќ или по ново Живојиновиќ, редовно ги полни рубриките и страниците на порталите и таблоидните магазини во регионот.
Свадбата помина, а деновиве топ тема е нејзината бременост.
Пријовиќ е во вториот месец од бременоста, а периодов се опушта на плажа на црногорското приморје.
Папараците од hello магазинот ја уловија во бикини, а фокусот секако беше нејзиото стомаче, кое нормално во овој месец од бременоста не се познава.
Инаку, иако медиумите пишуваа дека е бремена веднаш по свадбата, таа негираше на ваквата вест, која сепак излезе вистинита.