Поради новонастаната ситуација и пандемијата со коронавирусот, водителката Александра Илеивска паузира од снимањата на „Брза кујна“ на Сител телевизија.
На спомнатата ТВ може да ги гледате старите емисии и да се инспирирате за разни специјалитети доколку ви недостига инспирација за во кујна.
Александра времето го поминува така што е посвтена на работите за кои претходно можеби немала време, односно готвење во кујна, возење велосипед….
View this post on Instagram
Меѓутоа, деновиве водителката имаше убава причина за славење односно 4 години од бракот со нејзиниот сопруг Александар.
По тој повод, таа сподели фотографија од свадбата на која позира во бел невестински фустан, а во описот напиша:
„Станува збор за љубов и за поминување на заеднички живот, за среќа на секое лице, обидинување на семејство и за пријателите кои ви посакуваат најдобро. Тоа е ден со многу спомени. 17.06.2016“.

Под објавата се нижеа честитки и желби уште многу години да слават заедно.
Честитки, уште многу години да ја слават љубовта!