Во Американската амбасада во Скопје и годинава се одбележуваше 4-ти Јули, денот на независноста на САД кој го означува раѓањето на државата, односно денот кга САД ја обезбедија независноста од Британската империја.
До душа прославате се одвиваше два дена подоцна, на 6-ти јули, но традиционално во кругот на комплексот на амбасадата, каде меѓудругото на коктел забавата секогаш се поканети мноштво видни личности од македонската политика, бизнис елита, претставници на медиумите, но и дел од јавните и естрадните личности.
И како што налага традицијата меѓуостанатото вообичаено е да се изведе покрај американската и македонската химна „Денес над Македонијасе раѓа“ која најчесто ја изведува некоја од македонските музички ѕвезди.
Годинава македонската химна на прославата во Американската амбасада ја изведе пејачот Александар Тарабунов – Тара. И ја испеа акапела, само со својот вокал и тоа беспрекорно… Тара не е Тамара да направи катастрофа, па од А до Ш точно ја испеа секоја строфа! Така се коментираше на социјалните мрежи, а најгласна неговата роден сестра Христина која го објави и видеото со изведбата, па покрај него во описот напиша:
„Ај Добро утро,
И во сон да го прашаш, ќе го знае текстот…
Фала браЦ, вака ни еден аларм на светот не ме исправил сабајлечки“ – напишала сестрата на Тара во објавата на Фејсбук, очигледно споделена уште со „првите петли!“
Порака во стилот: „Ти кажувам брате Тара, сети се Тамара“… Или така некако! Како потсетување на големиот скандал кога во 2019 година Тамара Тодевска која тогаш беше избрана на прославата да ја испее химната на Република Македонија „ја утна истата“ пеејќи ја во своја верзија, од која беа исфрлени стиховите: „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“…
За едни намерно понечија нарачка, за други случајно, за трети заради збунивачка трема на пејачката, за неа лавина обвинувања, напади, навреди, па дури и закани на социјалните мрежи и воопшто во јавноста.
Кутрата пејачка не знаејќи како да се одбрани и извади, мораше или поточно реши „испуштените стихови“ дури и да си ги истетовира на сопственото тело!
Како и да е македонскиот пејач овој пат совршено ја изведе „Денес над Македонија се раѓа“. Одважно, сигурно, без фалш и стиховно „карикирање“…
Башка, на Тара, веројатно не му е и до тетовирање!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин