Мегафон

Во 2018-та ќе имаме 2 неработни денови помалку: Владата го укина “Денот на дрвото“

Во 2018-та ќе имаме 2 неработни денови помалку: Владата го укина “Денот на дрвото“

Владата го укина “Денот на дрвото“, а со тоа се намалува и бројот на неработни денови.

Владата на синоќешната седница донесе заклучот за престанок на акцијата “Ден на дрвото“ која што во изминатите 9 години се организираше на два пати годишно, во пролет и во есен. Оваа одлука се должи на слабите ефекти од нејзиното досегашно спроведување.

 Денот кога се спроведуваше оваа акција ширум целата земја беше неработен за голем број на работници имајќи го предвид фактот дека истата беше поддржана од сите надлежни министерства, од заедницата на локалната самоуправа со општините и други јавни институции.

Од 2008 година, кога почна акцијата „Ден на дрвото“, досега се пошумени нешто повеќе од 13.000 хектари со над 35 милиони садници, а само минатата година, пошумени биле над 500 хектари со повеќе од 2,6 милиони дрвца.

Оваа одлука на владата ќе значи дека од следната година ќе имаме 2 неработни денови помалку на располагање.

Идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма за проширена репродукција на шумите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“.

To top