За време на снимањето на една емисија, фолк пејачката Рада Манојловиќ се најде во комплицирана ситуација. Додека даваше изјава, пејачката наводно добила „ мали сигнали“ од соседната маса, ни помалку ни повеќе туку од внукот на покојната пејачка легенда Предраг Цуне Гојковиќ, младиот и шармантен Ѓорѓе Ѓиновиќ.
На Рада и било малку непријатно поради тоа, а Ѓорѓе „пет пари не давал“ на фактот дека убавата пејачка е веќе „зафатена“.
Да потсетиме, Ѓиновиќ тргна по стапките на неговиот дедо, се сврте кон музиката, во која легендарниот Цуне максимално го поддржувал.
„Ми рече дека нема да згрешам ако го одберам неговиот пат. Имавме големи планови, но не изненади неговата смрт“ – рече младиот пејач за неговиот дедо, па ја коментираше убавата колешка.
„Рада е мега sвезда и е многу згодна! Знаете како велат: „Долги нозе за играње… Ма, Рада е естрадна бомба“ – се пошегува Ѓорѓе, додека се фотографираше со убават колешка, отворено делејќи и комплименти.
А тоа дали Рада ќе остане верна или естрадната бомба ќе „експлодира“ од страст можеби токму во неговите прегратки…? Како велат: Надежта последна умира, како и тоа дека „не добива“ убавиот, туку упорниот… А малиот Ѓорѓе по се’ изгледа е и… обете!