Радио Милева

Внукот само што не пристигнал, а Цеца за породувањето на снаата ќе плати 4 000 евра

Внукот само што не пристигнал, а Цеца за породувањето на снаата ќе плати 4 000 евра

Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе плати 4 000 евра за породувањето на снаата Богдана Ражнатовиќ на една приватна клиника во Белград, пишува курир.рс

Како што пишува порталот, во цената е вклучено породувањето со царски рез, сместувањето на клиниката, анестезија, вакцината за бебето, нега на лекарите, потребни лекови, како и оброк за Богдана.

Во цената не е вклучено присуството на таткото за време на породувањето, како и посебен апартман. Доколку Вељко сака да присуствува на породувањето тоа се доплаќа 6 000 денари, а доколку сака да остане во апартман со сопругата и синот се доплаќа 5 000 денари по ден.

фото: дамир дервишагиќ

Според сознанијата Вељко цело време ќе биде во болницата, но се уште не одлучил дали ќе присуствува на породувањето.

Богдана имала желба да ја породи докторот кој ја породил Цеца и нејзината сестра Лидија. Иако докторот од 2017 година е во пензија, тој на молба на Цеца прифатил да ја породи Богдана.

фото: Инстаграм

За потсетување, Вељко и Богдана очекуваат син за кој го одбраа името Жељко, по таткото на Вељко.

To top