Внуката на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз тито денес е позната режисерка, а Сара Броз (49) не се експонира премногу во медиумите, но затоа е доста активна на социјалните мрежи.
Таа неодамна се пофали со посебно важно случување во животот на нејзината ќерка Сара(24) која ја доби во бракот со актерот Ранко Зидарќиќ, дипломираше сликарство, а за тоа мајката и ќерката направија селфи.
-Имаме магистер по сликарство! Дипломираше малата со одличен“, напиша среќната Саша за фотографијата и напиша „убав ден“.
Честитките во коментари се редеа еден до друг, а инаку Саша неколкупати во јавноста зборуваше колку Сара е талентирана и е вистинска уметничка душа.
Таа исто така спомува колку го сакала својот дедо.
View this post on Instagram
-Многумина ми велат дека личам на дедо. Не гледам некаква физичка комплементарност, освен фактот дека погледот ни е ист, но моите очи се зелени, вели таа.