Радио Милева

Внуката на Никол Кидман ја засени тетка си на црвениот килим (фото)

Внуката на Никол Кидман ја засени тетка си на црвениот килим (фото)

Актерката Никол Кидман (51) се појави на црвениот килим  во фустан од дизајнерот на Оскар де ла Рента  и повторно покажа колку добро се носи  со нејзините години. На наградите „АРИА“ дојде со внуката  Луси Хали (20), ќерка на нејзината помлада сестра, Антони Кидман (48).

Никол е особено блиска со Луси од смртта на нејзиниот татко пред четири години, а на годишната награда за австралиските музичари дојде да го поддржи сопругот Кит Урбан (51), која беше домаќин на настанот.

 

View this post on Instagram

 

??Going to the #ARIAs with my niece, we’re so excited to see Keith hosting! ?❤️

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) on

– Одам со внука ми на  наградите  на „АРИА“. Ние сме возбудени што  домаќин е Кит – Никол напиша во порака на Instagram.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! Australia & New Zealand (@eonlineau) on


Актерката и музичарот неодамна ја прославија дванаесеттата годишнина од бракот и ја споделија тајната на успехот со јавноста.

– Разговаравме кога ние сме оддалечени  и  се допираме кога сме заедно како што пред долго време си ветивме – објасни Никол, која со сопругот  Кит  ги имаат ќерките  Сандеј Роуз (10) и Фејт Маргарет (8).

To top