Популарниот поп-пејач Саша Ковачевиќ долго не се појавуваше на ТВ емисии, за да ја прифати поканата во емисијата “Премиера – Викенд Специјал”, каде се осврна на успехот на новата песна “Без тебе ме нема” и спотот за неа.
Се обидувам да не исфрлам брзо една по друга песна, по еден месец или два … Јас и брат ми сме перфекционисти и сакаме да бидете информирани за секој елемент на нашиот проект, и тоа да изгледа токму онака како што изгледа – рече Саша, кој призна дека овој пат тој не е главната ѕвезда во видеото за новиот спот „Без тебе ме нема“, туку тоа е тригодишното девојченце Искра, инаку ќеркичката на неговата нова девојка Зорана Тасовац.
Овој пат Искра е најголемата ѕвезда, дури и самата така рече по снимањето – низ насмевка откри пејачот.
Водителите го запрашаа Ковачевиќ дали ќе ја „вметне“ и новата девојка Зорана во некој од следните видеа, а тој објасни дека веќе сакал да го стори тоа уште овојпат. Сепак, во последен момент тој се премислил.
Што се однесува до мене, јас мајка и на малата сакав да ја ставам во спотот, но поучен од искуството од претходните години, сфатив дека тоа не е најпаметен потег. Сакам приватноста да ја оставам настрана, колку што може повеќе – вели пејачот.