„По распродадениот прв концерт, најавуваме и ВТОР концерт на Влатко Стефановски на 18 март во Македонската филхармонија“, соопштија организаторите од „Баги комуникации“. Првиот закажан за 17 март е веќе распродаден, а влезниците за вториот се пуштени во продажба од вчера, онлајн и на сите продажни места на www.kupikartizase.com.
Двата концерта се по повод новиот албум на Стефановски, „Мајчин јазик“, кој беше издаден кон крајот на минатата година и кој е првиот акустичен албум во неговата кариера. Специјални гости ќе бидат групата „Љубојна“ и балканската етно-дива Биља Крстиќ.