Мегафон
музички ивент

Влатко Стефановски трио во „Интермецо мјузик бар“

Влатко Стефановски трио во „Интермецо мјузик бар“

Уште еден во низата успешни концертни настани во Intermezzo Music Bar е настапот на мегапопуларното Влатко Стефановски Трио.

Во среда, 17.11.2021, неповторливиот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара. Влатко Стефановски како еден од најголемите виртуози на овие простори е препознатлив по својот посебен стил на комбинирање на традиционалните и рок звуците. Концертот ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, како и голем дел од неговото богато авторско творештво.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а местата се ограничени, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место. Настанот ќе биде спроведен со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.