Во најновото издание на ток шоуто „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски кое премиерно ќе оди оваа сабота, 10 март 2018 година на ТВ 24 во 14.35 часот гостин ќе биде легендарниот македонски гитарист, музичар и автор, Влатко Стефановски.
Гитарскиот херој од „Мексичка“ ретко ги отвора душата и срцето, ретко ги покажува јавно емоциите, ретко зборува за животот и сите негови сурови и убави страни, ретко разговара за многу други нешта кои не се врзани само со музиката и неговата кариера…
Овој пат ексклузивно и целосно искрено, со отворена душа и широко срце, со сиот свој музички и човечки багаж, со целата своја музичка оставштина и педигре на врвен мајстор на својот занает, но и голем и длабоко искрен човек… говори во неговата животна прошетка низ „Улица Македонија“.
Гледајте ја емисијата за ди ги дознаете сите оние мали нешта што човекот го прават толку голем. Влатко Стефановски во „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски, премиерно, оваа сабота, 10 март 2018 година на ТВ 24 во 14.35 часот!