Легендарниот македонски музичар Влатко Стефановски деновите во изолација ги поминува подготвувајќи го својот нов албум. Имено работниот наслов на албумот e “Taftalidze shuffle”. Како што е познато Влатко Стефановски со своето семејство живее во Тафталиџе со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио “Езотерија”. Последниот албум на Стефановски “Мајчин јазик” беше промовиран во 2018 година.