Во ноември 2017 година, Влатко Стефановски го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик“. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.
На 17 март 2018 година, ќе биде организират концерт на кој за првпат пред македонската публика ќе биде претставен албумот „Мајчин јазик“. Концертот ќе биде заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.
Специјални гости на концертот ќе бидат балканската етно-дива Биља Кртсиќ и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје.
Билетите се пуштени во претпродажба преку „Купи карти за сè“.