По се изгледа, Влатко Лозаноски не знае за доста. После успешните настапи кои ги имаше низ цела Македонија ова лето, тој реши да ги спакува куферите и да замине од татковината.
Причината и е веќе добро позната на јавноста, а тоа е неговата најавена турнеја по Америка која долго време беше откажувана, уште од 2020-тата година заради корона пандемијата.
Сега кога конечно се создадоа услови и да се патува и да се настапува, Лозано тргна да ги израдува нашинците во дијаспората, преку океанот во Америка.
Екипата на ТВ магазинот од зад сцената – „Бекстејџ“ беше да го испрати нашиот Влатче на скопскиот аеродром, а што кажа Лозано пред да полета преку големата бара, погледнете во видеото продолжение: